По долги
преговори и натегања, Хари Кејн синоќа го комплетираше рекордниот трансферот во
Баерн Минхен и веднаш се најде во составот на „баварците“ за дуелот против РБ
Лајпциг во Суперкупот на Германија.
Многумина
очекуваа дека напаѓачот конечно ќе се израдува на првиот трофеј во кариерата,
но Баерн Минхен шокантно загуби со 3-0.
„Навистина ми е
жал за Хари Кејн, сигурно си мисли дека не сме тренирале четири недели и ништо
не сме сработиле“ – рече Томас Тухел по крајот на натпеварот.
„Перформансите
шго ги прикажавме вечерва немаат ништо со она што го правевме до сега, и она
што сакаме да го правиме“.
„Навистина горка
вечер за него, жал ми е“.
Тренерот на Баерн
потоа додаде: „Немам објаснување за играта. Во моментов немам ниту решение.
Шокиран сум. Примаме многу лесни голови, правиме многу грешки. Ситуацијата е
алармантна“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.