Официјално: Баерн Минхен го објави трансферот на Хари Кејн (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Кејн синоќа пристигна во Минхен и доцна во ноќта го потпиша договорот со Баерн Минхен кој е со трајност до 2027 година. Утринава Баварците и официјално објавија дека Англичанецот е нивниот нов напаѓач.

„Баерн потпиша со Хари Кејн од Тотнем. 30-годишниот англиски напаѓач се договори со германскиот рекорден шампион до 30 јуни 2027 година и ќе го носи дресот со бројот 9“, стои во соопштението на Баерн Минхен.

Кејн вели дека е среќен што ќе игра во еден од најголемите клубови во светот.

„Многу сум среќен што сум дел од Баерн. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и отсекогаш сум велел дека скаам да се натпреварувам и да се докажувам на највисоко ниво во текот на мојата кариера. Победничкиот менталитет е дефиниција за овој клуб, многу убаво се чувствувам што сум тука“, рече Хари Кејн.

@2024 – Сите права задржани