Бенфика го освои португалскиот Суперкуп, Ди Марија му даде гол на Порто (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Бенфика го освои трофејот од Суперкупот на Португалија откако со 2-0 славеше над ривалот Порто.

Повратникот во Бенфика, нивната најголема ѕвезда, Анхел Ди Марија го отвори резултатот со гол во 61. минута. Седум минути подоцна погоди и Муса за конечни 2-0.

На натпреварот беа покажани дури 12 жолти картони. Седум за Бенфика и пет за Порто.

Во 91. минута Пепе беше исклучен поради намерен и сосема беспотребен старт. 

Шлагот на тортата се случи пред самиот крај кога тренерот на Порто Консеисао беше исклучен, но не сакаше да излезе, па со полиција требаше да го изнесуваат од теренот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани