Виктор Осимен со
одличните партии го привлече вниманието на неколку клубови, но Аурелио Де
Лаурентис порача дека ќе размисли за продажба на напаѓачот само доколку некој
на маса стави 200 милиони евра.
Како што пренесува
Кориере дело Спорт, желбата на првиот човек на Наполи е исполнета, Ал Хилал
понудил 230 милиони евра за во пакет да ги купи Виктор Осимен и Пјотр Зелински.
Од оваа сума, 200
милиони евра се наменети за трансфер на Нигериецот, додека пак 30 милиони евра
се за трансфер на Полјакот.
Што се однесува
до понудата на Ал Хилал за играчите, Виктор Осимен може да заработува помеѓу 45
и 50 милиони евра по сезона во Саудиска Арабија, додека пак Пјотр Зелински може
да заработува 15 милиони евра по сезона.
Останува да се
види дали Наполи ќе одговори позитивно на богатиот предлог.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.