Дел од навивачите на Динамо Загреб кој беа во Атина и правеа инциденти имале неуспешен обид да заминат од Грција.
И покрај тоа што бегале до земјата, со нив во комбето во кое се возело ги понеле и палките и ножевите со кои им служеле како ладно оружје во инцидентите.
Хрватите во Грција влегле преку Албанија, а сега овие се обиделе да се вратат во татковината преку Македонија.
Но граничарите на Евзони откако виделе дека се работи за хрватски државјани кои патуваат со комбе, ги претресле, виделе дека носат шипки и ножеви, по што биле уапсени и однесени на распит во Солун.
По инцидентите во кои загина навивач на АЕК беа уапсени 98 лица од кои дури 84 биле Хрвати. Таа бројка се очекува да се зголеми.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.