Тотнем ја одби и последната понуда за Баерн Минхен, а информациите велат дека германскиот тим ќе се врати уште еднаш со подобрена понуда.
Наводно, Хари Кејн им рекол на претставниците на Баерн Минхен во текот на оваа недела да го договорат трансферот, во спротивно тој ќе остане и во новата сезона во Тотнем.
Кејн нема намера да потпише нов договор со Тотнем, но нема да има проблем да ја доигра и новата сезона, а потоа да замине од клубот како слободен играч.
Даниел Леви со својот тврд став ризикува наместо 100 милиони евра, да дозволи Кејн да замине беспари. А јасно е дека Тотнем нема капацитет да го прекине постот за трофеи и оваа сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.