ПСЖ се врати во Париз, но Мбапе нема да се врати во првиот тим!

by
2 минути читање

Фудбалерите на ПСЖ денеска ги продолжуваат подготовките за новата сезона, повторно се во својот тренинг центар во Париз.

Но и покрај тоа, Мбапе останува да работи со групата која не е дел од проектот на ПСЖ.

Неговата ситуација останува непроменета, ПСЖ сака да го продаде ова лето, но тоа не оди лесно.

Мбапе не сака да слушне за преселба во Саудиска Арабија без разлика на парите кои му ги нудат. Се чини дека веќе има договор со Реал Мадрид и само прашање дали таму ќе отиде ова лето или следното.

@2024 – Сите права задржани