100
„Кралевите“ се во
мала резултатска криза, откако не ја искористија првата „брејк топка“ на
гостувањето кај Валенсија за дополнително да се одлепат на врвот на табелата,
сега го загубија и лидерското место.
Па пред почетокот
на утринскиот тренинг, Зинедин Зидан и играчите имале состанок, трет во период од само неколку дена.
Според пишувањата на Марка, капитенот Серхио
Рамос побарал од соиграчите да работат понапорно и да си помагаат еден на друг
на теренот.
Исклучок бил
направен само за Роналдо, а дефанзивецот ова го образложил со изјавата: „Единствен
кој не треба да трча е Роналдо, постигнува 60 погодоци по сезона“.