Јапонија преку Норвешка до четвртфиналето на Светското првенство

by
2 минути читање

Јапонките сосема заслужено одат во четвртфиналето. Тие беа доминанти во текот на целиот меч, Норвешка само повремено се закануваше кон противничкиот гол.

Резултатот беше отворен во 15. минута со автогол на Енген, несреќна интервенција на норвешката фудбалерка.

Но, само пет минути подоцна една одлична акција на Норвешка која со гол ја круниса Реитен и изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

По пет минути игра во вториот дел Шимицу даде гол за ново водство на Јапонија, овојпат од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Миазава по еден контра напад во 81. минута од натпреварот.

Јапонија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шведска и САД.

@2024 – Сите права задржани