Кевин Гроскројц кој со Германија во 2014 стана Светски шампион, деновиве ги живее најлошите моменти од својата кариера.
Според извештаите од Германија, Гроскројц бил излезен со неколку млади фудбалери на Штутгарт, помеѓу 16 и 19 години. Фудбалерот влегол во одбрана на младинците и завршил со тешки повреди на главата.
Гроскројц веднаш бил префрлен во болница од каде што се сликаше и на јавноста и покажа во каква состојба е.
Откако излегол од болница бил викнат на разговор во клубот по шти раководството одлучи да го отпушти.
„Соработката помеѓу Штутгарт и Кевин Гроскројц е раскината со внзаемна согласност и стапува веднаш на сила“ – стои во соопштението на клубот.
„Играчите од првиот тим треба да бидат модел на однесување за нашите млади фудбалери“ – вели членот на бордот на Штутгарт, Јан Шинделмејсер.
Фудбалерот се извини за стореното и ја прифаќа казната.
„Направив грешка. Многу ми е жал. Ги прифаќам последиците и жалам што мојот престој во Штутгарт заврши. Сакам да му се заблагодарам на тимот, стручниот штаб и особено на фановите кои му даваа поддршка во изминатите денови“ – изјави Горкројц.
Ова не е прв пат Гроскројц да се најде на насловните страници поради погрешни причини. По финалето од германскиот куп во 2014 година, беше виден како уринира во лобито од хотел во Берлин.