279
Левски на социјалните мрежи објави дека високата парична казна е поради расизмот и ксенофобијата на навивачите. Дополнително клубот не смее да продава билети на своите фанови за следното гостување во европските купови.
А доколку се случи нов инцидент, стадионот „Виваком Арена – Георги Аспарухов“ делумно ќе биде затворен.
Поради сето ова, Левски испрати апел до своите навивачи:
„Апелираме до навивачите да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3 август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, ксенофобија и политички пораки зашто може да добиеме тешки казни од УЕФА“, соопшти Левски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.