Интер добива битки со ривалите на трансфер пазарот, капарисан е Самарџиќ, следен е Скамака

by
1 минути читање

Интер добива
битки со ривалите од Серија А на трансфер пазарот, неколку извори пренесуваат
дека е капарисан Лазар Самарџиќ од Удинезе.

Талентираниот Србин
беше и во бележникот на Наполи и Милан, но Интер успеа да си подаде рака со
Удинезе за зделка вредна 25 милиони евра, односно 15 милиони евра во кеш и
услугите на Џовани Фабијан, кој се проценува на 10 милиони евра.

Двата клуба во
следните денови ќе ги испеглаат деталите и се очекува во скоро време да
пристигне официјална потврда.

„Нероаѕурите“
исто така се убедени дека ќе го ангажираат и Џанлука Скамака од Вест Хем и
покрај тоа што „чеканите“ им ја одбија првата понуда од 20 милиони евра плус
бонуси.

Спортиталија и
Скај Италија пренесуваат дека компромис ќе биде постигнат и ќе падне дил за
зделка од 25 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

За услугите на
Џанлука Скамака ова лето сериозен интерес пројавија Жозе Мурињо и Рома, но
„волчицата“ се чини ќе треба да бара други алтернативи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани