Челси и Јувентус отвориле преговори за голема трaмпа

by
1 минути читање

Јувентус сака да
го ангажира Ромелу Лукаку, Челси бара околу 40 милиони евра, но еден услов за
да се реализира зделката е „старата дама“ да го продаде Душан Влаховиќ.

Често се пишува
дека Србинот е во бележникот на најголемите клубови ширум Европа, но до сега
нема пристигнато конкретна понуда, па ова ги кочи обидите на Јувентус да го
ангажира Ромелу Лукаку.

Но како што
пренесува Скај Италија, Челси и Јувентус нашле решение за ситуацијата и
отвориле преговори за трампа на Ромелу Лукаку со Душан Влаховиќ.

Сега се разговара
за сумата која „сините“ ќе треба да ја доплатат за Србинот да заврши во Лондон
а голгетерот од Белгија да се пресели во Торино.

Се верува дека
Јувентус го проценува Душан Влаховиќ на 75-80 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани