Ибрахимовиќ сака уште две години во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Според „Мирор“, Ибрахимовиќ сака да потпише нов договор со Манчестер јунајтед со трајност до 2019 година. Веројатно тој би бил едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една годна.

Имаше многу сомнежи дали Ибрахимовиќ ќе успее во Премиерлигата со оглед на тоа дека има 35 години, но Швеѓанецот ги надмина сите очекувања.

Во досегашниот дел од сезоната Ибрахимовиќ веќе постигна 26 гола во сите натпреварувања, а беше херој и во финалето од Лига Купот против Саутемптон каде што два пати ја тресеше мрежата на противникот.

Ибра има понуди од САД и Кина, но најверојатно ќе остане да се натпреварува на највисоко ниво во Европа и ќе се обиде да дојде до титула со Манчестер јунајтед во Премиерлигата.

Се очекува во наредниот период клубот и играчот да договорат продолжување на соработката и официјално да биде ставен крај на сите шпекулации околу иднината на Ибра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани