Ал Хилал се договори со ПСЖ, но не можат да го убедат Килијан Мбапе да потпише за нив и покрај неверојатната сума од 700 милиони евра која му ја нудат.
Кај Саудијците очигледно се развила сомнеж дека Мбапе веќе се договорил со Реал Мадрид за трансфер во летото 2024, па сметаат дека поради тоа фудбалерот ги одбива.
Во обидот да го ангажираат, Саудијците отишле и во Мадрид за да им го презентираат нивниот проект на луѓето од Реал и да ги убедат дека најдобро е следната сезона Мбапе да ја помине кај нив.
Изгледа чудно Реал Мадрид уште сега да има влијание врз одлуките на Килијан Мбапе кога тој е член на ПСЖ, но Саудијците не оставаат ништо на случајот.
Засега ставот на Мбапе е дека нема да оди во Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.