Килијан Мбапе
продолжува да биде топ тема во трансфер шпекулациите, напаѓачот беше изоставен
од турнејата на ПСЖ во Јапонија и доби јасна порака дека или ќе стави потпис на
нов договор, или ќе замине од Париз до крајот на летото.
Како што пишува
Марка, шест клубови пројавуваат интерес за услугите на напаѓачот.
Реал Мадрид е прв
на листата, но „кралевите“ немаат намера во моментов да повлечат потег и
трпеливо ќе чекаат.
Ал Хилал е тој
кој прави најконкретни чекори и е подготвен да понуди богатство
за да го добие Килијан Мбапе, па макар и на само една сезона.
Во Премиерлигата
има неколку клубови кои внимателно следат што се случува како Манчестер
јунајтед, Челси и Тотнем.
Марка како
послендо име на листата го додава Милан, самиот играч во неколку наврати има
кажано дека е фан на „росонерите“ и тие ќе бидат неговиот избор доколку се реши за авантура во Серија А.
Во меѓувреме, Л’Екип
пишува за трансфер сумата која ПСЖ ја бара во моментов, „светците“ сакаат да
добијат најмалку 150 милиони евра за продажба на Французинот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.