73
23-годишниот фудбалер ги помина медицинските тестови и потпиша договор до Милан до јуни 2028 година.
„Милан со задоволство може да соопшти дека Ноа Окафор му се приклучи на клубот од Ред Бул Салцбург на перманентен трансфер. Швајцарскиот напаѓач потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Се верува дека Милан за Окафорд на Салцбург ќе му плати обештетување од околу 13-15 милиони евра со вклучени бонуси.
Окафор е шестото засилување за Милан оваа сезона, претходно потпишаа Пулишиќ, Лофтус-Чик, Рејндерс, Спортиело и Ромеро.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.