Интер нема намера
да му прости на Ромелу Лукаку, неколку извори од Италија пренесуваат дека
раководството на клубот и фудбалерите се чувствуваат предадено од напаѓачот и
ги одбиваат сите негови обиди за помирување.
Ромелу Лукаку сака
да ги испегла односите со „нероаѕурите“, моли за прошка и враќање на „Меаца“ но
во моментов никој во Интер нема слух за неговите изговори, ниту претседателот Стивен Жанг, ниту капитенот Лаутаро Мартинез.
Додека траеле
преговорите помеѓу Интер и Челси, напаѓачот редовно праќал видеа од тоа како
тренира на одмор и како се одржува во форма за „нероаѕурите“, но кога двата
клуба си подале рака за трансфер од 40 милиони евра, Ромелу Лукаку два дена не
одговарал на повиците од Милано.
Тогаш се дознало
за неговите преговори со Јувентус, во Интер се разочарани од ваквото
предавство, немаат намера да му простат, па вратата за враќање е затворена.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.