Интер е во
потрага на нов голман/и откако го продаде Андре Онана на Манчестер јунајтед во
зделка вредна помеѓу 55 и 57 милиони евра, Јан Зомер и Анатолиј Трубин се на врвот на листата со
желби.
Се верува дека
„нероаѕурите“ веќе се имаат договорено со Швајцарецот, но Баерн Минхен одбива
да даде зелено светло поради неколку причини.
Мануел Нојер не е
целосно опоравен, на „баварците“ слабо им прогресираат преговорите со Валенсија
за Георги Мамардашвили, а не им се допаѓа и предлогот на Интер вреден 4 милиони евра,
инсистираат да добијат 6 милиони евра.
Интер ќе почека
уште неколку дена со надеж дека ќе биде постигнат компромис а доколку тоа не се
случи, ќе се насочат кон други цели. Последните информации велат дека Марота и
Аусилио опипуваат терен за ангажман на Давид де Хеа, кој може да пристигне
беспари.
Шпанецот е
слободен играч откако беше изигран од Манчестер јунајтед и не доби нов договор
и покрај тоа што практично се беше договорено.
Што се однесува
до Анатолиј Трубин, планот е тој да биде број 1 голман на Интер во иднина, за
него се резервирани 10-15 милиони евра, но Шахтар во моментов бара 25 милиони
евра.
„Нероаѕурите“
сметаат дека времето е на нивна страна со оглед на тоа дека голманот има уште
една година од договорот и очекуваат да обезбедат поповолна зделка како одминуваат неделите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.