Џиџо Донарума е новото
фудбалско име кое помина низ кошмар по средба со разбојници. Како што
пренесуваат медиумите од Франција, денеска во утринските часови, крадци влегле
во домот на голманот на ПСЖ во Париз.
Италијанецот и
неговата девојка биле врзани и соблечени, по што крадците почнале да
„оперираат“ во куќата и си заминале со плен вреден 500.000 евра.
Џиџо Донарума заедно
со својата девојка некако успеале да избегаат и да најдат засолниште во луксузен
хотел во близина на нивниот дом, каде добиле помош од вработените и била
повикана полиција.
Парот бил во шок
по она што им се случило, па бил пренесен во болница на третман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.