92
Горан Пандев одби да влезе во игра против Болоња во судиското продолжение. Поради тоа во игра беше ставен Нчам кој ги искористи своите три минути, даде гол и донесе бод за Џенова.
И покрај тоа што одбивањето на Пандев да влезе во игра на крајот се покажа како позитивна работа. Џенова нема да го толерира однесувањето на Македонецот.
Пандев од трибините ќе го проследи следниот меч на Џенова, а потоа ќе се стави во комбинација за следните натпревари.