По само една година Андре Онана ја менува средината, од Интер заминува во Манчестер јунајтед.
„Не можев да замислам дека збогувањето ќе биде толку тешко. Пред една година станав нероазуро, многу луѓе ми велеа дека овој клуб и овој град имаат нешто посебно. Сега можам да го потврдам тоа. Во моите први денови како нероазуро сфатив дека ова е едно големо семејство, дека да се биде интерист е начин на разбирање на животот“, вели Онана.
„Се заљубив во Сан Сиро, во навивачите и градот. Сега условите се вистински за мене да почнам ново поглавје во Манчестер. Го правам тоа со голем ентузијазам, но знаејќи дека ќе ми недостасувате. Огромно благодарам до сите интеристи. Вие го правите овој клуб голем“.
„Можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се вкрстат, но сега е време за нови предизвици и ќе навивам за вас од далеку. Играчите доаѓаат и си одат, но клубот останува засегкоаш, и Интер е пред се и пред сите“.