„Светците“ кројат
стратегија како да се справат со Килијан Мбапе, кој со писмо ги извести дека
нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година.
Опцијата е
активна до 31. јули, ПСЖ се надева дека напаѓачот ќе се пишмани, но во исто
време се изготвуваат неколку сценарија.
Најлошто е
Килијан Мбапе да не стави потпис на нов договор и да одбие да направи трансфер,
ова ќе има сериозни финансиски последици врз клубот, па за да се избегне ваква ситуација, Насер
Ал Келаифи и неговите соработници се подготвени да извршат сериозен притисок.
Како што пишува
Атлетик, една од идеите е Килијан Мбапе да биде седнат на клупа и да не игра
доколку одбие да ја продолжи соработката и да замине во летниот преоден рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.