Хари Кејн има
само уште една година од договорот па често се пишува за негов трансфер ова лето.
Баерн Минхен е
тој кој прави најконкретни чекори, „баварците“ веќе испратија две понуди кои веднаш
беа одбиени, последната вредна 70 милиони фунти плус бонуси.
Вејн Руди сега
даде свое видување и порача дека сака да го види напаѓачот во дресот на
Манчестер јунајтед.
„Идеално би било
Хари Кејн да се пресели во Манчестер јунајтед. Но ми се чини дека тој е
затвореник на Тотнем! Ми се гледа тешко дека ќе може да замине“ – вели Вејн
Руни.
„Доколку
Манчестер јунајтед го има Хари Кејн во своите редови, драстично ќе им се
зголемат шансите за победи и трофеи. Останува да видиме дали тоа ќе се
случи“.
„Ѓаволите“
пријавија интерес за услугите на Хари Кејн, но одлуката на Даниел Леви да бара
најмалку 100 милиони фунти ги натераа да се насочат на други цели и се водат
преговори со Аталанта за Расмус Хојлунд.