Забуна за цената на Алваро Мората, Интер нуди компромис

by
1 минути читање

Алваро Мората е топ трансфер цел на Интер за засилување на нападот отккао „нероаѕурите“ решија да се повлечат од зделката за враќање на Ромелу Лукаку.

Клубот од Сан Сиро денеска ќе се сретне со агентите на Шпанецот за да добие појасна слика за намерата на напаѓачот и да се обидат да добијат ДА од негова страна пред да седнат на конкретни преговори со Атлетико Мадрид.

Што се однесува до цената на Алваро Мората, има забуна околу сумата потребна за трансфер. Агентите говорат за клаузула од 12  милиони евра, додека пак, Атлетико Мадрид инсистира дека клаузулата е вредна 21 милион евра.

Интер се надева на компромис и верува дека 15 милиони евра ќе бидат доволни за реализација на зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани