Ули Хенес: Ако Кејн си го одржи зборот, ќе го потпишеме

by
1 минути читање

Баерн Минхен се обидува ова лето да го ангажира Хари Кејн, но засега нема некои посебни поместувања во преговорите.

„Кејн даде многу јасни сигнали за одлуката која ја донел. Доколку си го одржи зборот, ќе потпишеме со него. Тотнем ќе треба да се предаде, треба да добиеме цена од Леви. Румениге со него зборува постојано“, вели Хенес.

„Хари Кејн сака да игра во европските натпреварувања. Тотнем нема да биде таму следната сезона, ние ќе бидеме. Тој има шанса да се пресели во врвен европски клуб“.

„Она што ни се допаѓа се луѓето околу Хари Кејн, неговите агенти, неговиот татко, брат… многу добри луѓе. Засега од кампот на Кејн стојат на нивните ветувања. Доколку остане така, ќе биде во ред“.

„Леви е паметен. Како прво, мора да го доведеме до точка каде што ќе именува цена. Тој само задржува време, одличен професионалец е, доста го почитувам. Од друга страна, нема луѓе кои се занимаваат со ова од вчера“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани