„Црвените“ ова лето прават реконструкција на средниот ред, веќе пристигнаа Алексис Мекалистер од Брајтон и Доминик Собослаи од РБ Лајпциг.
Но Ливерпул ќе биде приморан да донесе уште неколку фудбалери бидејќи постојат реални шанси Џордан Хендерсон и Фабињо да заминат на печалба во Саудиска Арабија.
Се говори дека капитенот на Ливерпул го прифатил предлогот на Ал Етифак од 700.000 фунти неделно и сега останува двата клуба да си подадат рака, „црвените“ бараат околу 20 милиони фунти за продажба на Англичанецот.
Што се однесува до Фабињо, Ал Итихад е подготвен да плати 40 милиони фунти за да го донесе Бразилецот во своите редови.
Во моментов нема детали каква плата би добил Фабињо за пресела во Саудиска Арабија, но сигурно ќе биде многу поголема од таа која ја заработува на Енфилд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.