Клоп за поразот од Лестер: Ниту на германски не можам да објаснам што се случи

by
2 минути читање

Лестер изминатиов
период играше очајно лошо, но „Лисиците“ се разбудија по отказот на Клаудио
Рниери и вчера го фрлија на колена Ливерпул.

Со двага гола на
Варди и одличниот волеј на Дринквотер, домаќините имаа убедлива предност од 3-0
по еден час игра.

Кутињо во 68.
минута успеа да постигне само почесен гол за Ливерпул.

„Проблемите со
јазикот стануваат поголеми кога губите
– рече менаџерот на „Црвените“ по крајот на натпреварот.

„Тешко ми е да ги
најдам праите зборови. Не дека Лестер вечерва беше премногу агресивен,
едноставно ние не одигравме на потребново ниво
.

„Не можам да го
прифатам начинот на кој го примивме првиот гол и очигледно тој им даде моментум
.

„Тешко ми е да
кажам колку сум разочаран на германски, а уште полошо на Англиски
.

„Полесно е на
странски јазик да говорите кога ќе победите. Не можам да ви кажам ништо повеќе
.

„Можете да
прашувате колку сакате, но не сум сигурен дека можам подобро да одговорам
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани