Интер испрати нова и веројатно последна понуда за Лукаку

by
2 минути читање

Првата понуда на Интер беше 25 милиони евра плус бонуси, новата е за пет милиони поголема. 30 милиони евра плус бонуси.

Челси бара 45 милиони евра, а „Спортиалија“ пишува дека Интер нема намера да оди со понуда од над 35 вклучително и бонуси.

Ако се знае дека нероазурите сега нудат 30 милиони евра плус бонуси, тоа значи дека веќе се на граница од она што би можеле да го понудат, па веројатно ова е последната сума.

Сега на потег е Челси да одговори на понудата, дали ја прифаќа или ќе бара нов купувач за Лукаку.

Сините му дадоа ултиматум на Интер дека доколку го сакаат Лукаку, имаат време да се договорат до крајот на оваа недела, потоа нема да биде на продажба.

@2024 – Сите права задржани