Алварез иако е толку млад, веќе ги освои сите титули што може да се освојат. Круна му беше Светското првенство со Аргентина.
Иако е во сенка на Халанд во Манчестер Сити, секогаш покажува одлични игри кога ќе добие шанса, беше значаен и во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.
Пред да оди во Манчестер Сити, Алварез ѝ бил понуден на Барса за 20 милиони евра, плус да го плаќаат на пет години. Но тие рекле не и решиле да платат 60 милиони за Феран Торес кој не одигра речиси ништо и сега ќе си замине од Камп Ноу за помала сума од платената.
„Јас им го понудив Алварез на Барса за 20 милиони евра и тоа да го платат на пет рати, ама тие ја одбија мојата понуда. Наместо Хулијан го избраа Феран Торес кого го платија трипати повеќе – 60 милиони евра“, објави менаџерот со ФИФА-лиценца, Хосеп Марија Мингуела.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.