Реал Мадрид
минатата недела го промовираше Арда Ѓулер како ново засилување, „кралевите“ успеаја
да го победат лутиот ривал Барселона до потписот на талентираниот Турчин.
Новинарот Тони
Хуанмарти сега открива повеќе детали од зделката и вели дека трансферот вреди повеќе
од 50 милиони евра доколку во предвид се земе и провизијата за самиот играч и
неговиот татко.
Тој пренесува
дека таткото на Арда Ѓулер добил 15 милиони евра на име на провизија, додека
пак самиот фудбалер уште 8 милиони евра како бонус за потпис.
Тони Хуанмарти
исто така додава дека во Фенербахче се налутиле кога дознале за овие бројки, и
сметаат дека таткото на Арда Ѓулер го искористил интересот на Барселона за да
си ги наполни џебовите наместо да се погрижи клубот да се избори за најдобрата
можна зделка.
Прашање е колку
подобра зделка можеше да издејствува Фенербахче со оглед на тоа дека во
договорот на Арда Ѓулер имаше откупна клаузула од 17,5 милиони евра а Реал
Мадрид се сложи да плати 20 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во
бонус, плус процент од следна продажба.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.