Пред четири години, Баерн Минхен за 80 милиони евра го купи Лукас Ернандез, а оваа година за двојно помалку го продаде во ПСЖ.
„Со тешко срце го објавувам моето заминување од клубот. По внимателно разгледување, одлучив да преземам нови предизвици. Сакам да ви се заблагодарам за вашата голема поддршка во мојот период поминат тука. Моментите ќе бидат вечно во мојата меморија, како и освоените трофеи, особено тој во Лигата на шампионите за кој отсекогаш сонував. Сакам искрено да им заблагодарам на моите соиграчи, стручниот штаб, целиот персонал во клубот, директорите и тренерите на Баерн Минхен кои имаа верба во мене и ми даваа поддршка. Овој клуб направи да бидам позрел како играч и како човек. Горд сум што го носев дресот на еден од најголемите клубови во светот. За крај, барам да ја почитувате мојата одлука, иако збогувањата секогаш се тешки“, напиша Лука Ернандез.
На ова во коментар доби одговор од легендата на Баерн Минхен, Мехмет Шол кој за тимот играше цели 15 години, од 1992 до 2007 година.
„Не ти верувам на ниту еден збор. Збогум“, беше кратката порака од Шол за Лукас Ернандез.
Зборовите на Шол станаа хит во германските медиуми.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.