Шахтар одреди цена за Трубин која може да го откаже Интер!

by
1 минути читање

Интер го продава Онана на Манчестер јунајтед, а од клубот заминува и Хандановиќ на кој му истече договорот. Нероазурите сакаат нови голмани да им бидат Зомер и Трубин.

Според украинските медиуми, Шахтар сака 35 милиони евра за Трубин, сума која изгледа многу високо за Интер.

„Калчомеркато“ пишува дека Интер е подготвен да плати 10-12 милиони евра за украинскиот голман, сума која е трипати помала од таа што ја бара Шахтар.

Директорот на Шахтар, Дарјо Срна потврди дека нема да го продадат евтино својот голман.

„За него има многу понуди, разговараме со повеќе клубови, но сите мора да сфатат нешто. Доколку тој замине од Шахтар, ќе оди во топ клуб за висока сума, како што беше случајот со Мудрик, така ќе биде и со Судаков, Бондаренки или Матвиенко во иднина“, рече Срна за „Газета дело Спорт“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани