Мурињо во свој стил за суспензијата: Наместо на клупа по жешкото време, ќе бидам некаде под клима!

by
1 минути читање

Мурињо потврди дека бил замолен јавно да се извини на судијата Даниеле Чифи со цел да му биде намалена суспензијата од 10 денови , но Португалецот вели дека преферира да биде некаде под клима, отколку покрај аут линијата во август.

„Ми кажаа дека треба да се извинам јавно за да ми ја намалат казната. Но времето во август е многу жешко, па наместо на клупата, подобро ми е да бидам на некое климатизирано место“, вели Мурињо.

Запрашан дали очекува некој поголем трансфер подарок од раководството на Рома, Мурињо рече:

„Не очекувам ништо. Среќен сум само што се враќам на работа, не сум јас создаден за одмори. Во понеделник во 8 часот почнувам со работа“.

Главниот играч на Мурињо, Дибала се поврзува со Челси. Тој има откупна клаузула од само 12 милиони евра. Информациите велат дека Аргентинецот ќе остане верен на Рома, но Мурињо беше запрашан и за овој случај.

„Не знам ништо за неговиот договор, јасно е дека зборувам со Пауло исто како што зборувам и со останатите мои фудбалери“.


×