Преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Интер за Андре Онана се во завршен стадум, се чека последната понуда на англискиот клуб која според сите информации ќе биде доволна за да се склучи зделката.
Од Интер заминува и капитенот Самир Хандановиќ на кој му истече договорот, а соработката нема да биде продолжена.
Иста е судбината и на третиот голман, Алекс Кордаз кој си оди откако му истече договорот.
Во спротивен правец доаѓаат тројца голмани. Операцијата за комплетирање на нивниот ангажман ќе почне кога ќе биде склучен договор со Јунајтед за Онана, а тоа би требало да биде наскоро.
Според Ди Марцио, за прв голман е предвиден чуварот на мрежата на Шахтар и украински репрезентативец, 21-годишниот Анатоли Трубин за кој Интер ќе плати околу 10 милиони евра.
Замена за Хандановиќ треба да биде искусниот Јан Зомер кој ќе дојде од Баерн Минхен. За 34-годишниот голман Нероазурите ќе платат околу 5 милиони евра.
Третиот голман кој ќе пристигне е Рафаеле Ди Џенаро од клубот Џубио од Серија Ц. Се работи за 29-годишен голман кој бил дел од академијата на Интер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.