75
Според „Билд“ Кејн е мотивиран да оди во Германија. Тој му рекол на Тухел дека во наредните години сака да ја освои Лигата на шампионите со Баерн Минхен, тоа е негов сон кој е поважен од парите.
Томас Тухел и Хари Кејн се во постојан контакт, многу често комуницираат преку пораки. Минатиот месец Тухел имал лична средба со Кејн во неговиот дом во Лондон. Напаѓачот бил импресиониран од идеите на германскиот стратег.
Кејн е цел број еден на Баерн Минхен, но Тотнем важи за многу тврд преговарач, па неизвесно е дали ќе се случи трансферот. Англичанецот има уште една година од договорот со Спарс.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.