Доменик Собослаи
и Ерлинг Халанд една година играа заедно во РБ Салцбург, двајцата останале
добри пријатели, па кога Унгарецот оваа недела направи трансфер во Ливерпул,
Норвежанецот веднаш му се јавил.
„Разговарав со
Халанд, ми даде совети за тоа каде да барам куќа и лесно може да се случи да
станеме соседи“ – открива Доменик Собослаи во разговор со унгарските медиуми.
„Ми објасни дека
неколку фудбалери живеат во област која е на половина пат од Манчестер кон
Ливерпул. Било прилично мирно и приватно место. Во следните денови ќе видам за
што точно ми кажуваше, навистина сум љубопитен“.
„Секако,
пријателството ќе го тргнеме на страна кога Ливерпул ќе се сретне со Манчестер
Сити, но сигурно ќе биде фантастично искуство да играме еден против друг“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.