Летото е време за
одмор на фудбалерите и трансфер шпекулации, медиумите често ги „селат“ играчите
од едно на друго место.
Изминативе денови
името на Нејмар е прилично актуелно кога се во прашање гласините, ПСЖ сака да
се ослободи од Бразилецот и неговата висока плата.
Новинарот Калед
Валид од БеИН Спортс објави дека се е договорено помеѓу Барселона и ПСЖ за враќање
на Бразилецот на Камп Ноу.
Кратко потоа се
појавија информации за богат трансфер во Саудиска Арабија, Ал Хилал на Нејмар
му понудил тригодишна соработка тешка фантастични 600 милиони евра.
Бразилецот исто
така беше поврзан со шокантен трансфер во Галатасарај, наводно првиот состанок помеѓу
двете страни бил позитивен. Веста придизвика голем интерес во Истанбул, па многумина
побрзале да добијат одговор од раководството на клубот, кое ниту демантирало, ниту
потврдило дека има преговори и само се насмевнале.
Останува да се
види каква ќе биде иднината на Нејмар, кој ова лето во Париз ќе добие добро
познато лице како тренер во Луис Енрике.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.