Лео Меси летово
доби луда понуда од Саудиска Арабија, до последен миг Барселона правеше напори
да го врати на Камп Ноу, но напаѓачот се реши за авантура во САД и преселба во
Интер Мајами.
Сопственикот на
клубот од Флорида сега откри дека на зделката работел повеќе од три години.
„Во 2019 почнавме
да кроиме планови како да го донесеме. Лео Меси може да ја трансформира МЛС во
едно од најголемите првенства во светот. Мислам дека ќе остави свој траг, кога
ќе се пензионира, ќе има акции во клубот“ – вели Хорхе Мас.
„По крајот на
кариерата во фудбалот, очекувам Лео Меси да тргне по стапките на Дејвид Бекам
или Мајкл Џордан“.
Тој исто така
откри дека Лео Меси ќе заработува околу 50-60 милиони по сезона во Интер Мајами
и соработката која Аргентинецот ја потпишал со Ејпл била клучна за трансферот.
Лео Меси ќе
добива процент од екстра добивката која Ејпл ќе ја оствари од продажба на тв
правата и претплатите. Напаѓачот ќе има сличен договор и со Адидас, односно ќе
добива процент од екстра добивката која германскиот производител на спортска
опрема ќе ја прави со продажба на дресови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.