Фабрегас стави крај на фудбалската кариера

by
1 минути читање

Фабрегас одлучи дека минатата сезона помината во Комо е последна за него во кариерата. Шпанецот се пензионираше од активно играње.

Во својата богата кариера тој освои едно Светско првенство, две Европски, двапати ја освои Премиерлигата, еднаш Ла Лига, еднаш триумфираше во УЕФА Суперкупот, еднаш на Светското клупско првенство, двапати освои ФА Куп, еднаш Лига Куп, еднаш Комјунити Шилд, еднаш Копа дел Реј и двапати шпанскиот Суперкуп.

Тој сениорската кариера ја почна во Арсенал, а играше и за Барселона, Челси, Монако и Комо. За шпанската репрезентација има 110 настапи и 15 голови.

Фабрегас ќе остане во Комо каде ќе ја почне тренерската кариера. Тој ќе биде тренер на вториот тим на Комо како и на младинските тимови. Треба да биде дел од долгорочен проект на италијанскиот клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×