ФИФА остави изборот на пораки да го прават капитените, но само од тие осум кои се дозволени.
Не се дозволени ленти со други бои или било каков вид на пораки со поддршка за ЛГБТК+ групите ниту пораката „ЕднаЉубов“ кои беа означени како контроверзни на Мундијалот во Катар.
ФИФА даде осум можности, сите ленти се со пораки:
– Обединети за инклузија
– Обединети за домородни народи
– Обединети за родова рамноправност
– Обединети за образование за сите
– Обединети за стоп за насилство над жените
– Обединети за мир
– Фудбалот е за уживање, мир, љубов, страст
– Обединети за искоренување на гладот
Капитените на репрезентациите ќе треба да носат некоја од овие пораки на капитенската лента по нивен избор. Сите оние кои нема да го почитуваат тоа, ќе бида казнети.
Светското првенство за жени почнува на 21. јули, финалето ќе се игра на 20. август.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.