Ѓулер го доби прекрарот турскиот Меси поради големиот талент кој го има. Повеќе клубови се интересираат за него, а еден од нив е Барселона.
Лапорта го потврди интересот, но рече и дека тие го договараат трансферот за следната година.
„Деко работи на трансфер на Арда Ѓулер. Ла Лига ни дозволува да вршиме опрации кои не се однесуваат за оваа година. Нашиот департмент подолго го следи Арда. Исто така го имаме мислењето на Деко. Ќе се обидеме да го комплетираме договорот за следната година“, вели Лапорта.
Според новинарот Ди Марцио, Барселона силно притиска за трансфер на Ѓулер, а Деко одлетал во Истанбул за да преговара.
Ѓулер во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17,5 милиони евра. Но информациите од Турција велат дека неговиот татко кој му е и агент, бара провизија од 18-20 милиони евра. Сума поголема отколку обесштетувањето кое треба да му се плати на клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.