Барселона го сака Брозовиќ, но финансиски не може да се носи со Ал Наср кој му понуди трипати повисока плата од онаа што му ја нудат Каталонците.
Во периодот додека Брозовиќ размислуваше дали да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, Лука Модриќ ги одби и го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Шпанските медиуми веруваат дека таквиот потег на хрватската икона влијаел на неговиот сонародник Марсело Брозовиќ кој решил да го следи својот сон и да потпише за Барса, наместо да ги прифати парите од Саудиска Арабија.
Се верува дека во наредните денови Барселона ќе испрати официјална понуда до Интер за Брозовиќ кој сака да игра под водство на Чави.
Процесот го закочува финансиската ситуација во Барселона која е проблематична, но Хрватот засега има трпение да чека, а до кога ќе трае тоа, останува да видиме.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.