Италија го забрани бројот 88, двајца фудбалери од Серија А ќе си бараат нов број!

by
1 минути читање

Министерот за внатрешни работи Матео Пиантедоси и министерот за спорт Андреа Абоди потпишаа декларација во проектот за борба против величење на нацизмот и антисемитизмот кој уште е присутен на Апенините. Донесени се 13 правила меѓу кои се забранува користење на бројот 88.

Покрај двајцата министри, потписници на декларацијата се и Џузепе Пекораро, националниот координатор за борба против антисемитизмот и првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гарвина.

Бројот 88 се забранува затоа што го симболизира нацистичкиот поздрав „хајл Хитлер“. Осмата буква од абецедата е „Х“. Забраната не се однесува само на спортистите туку и на навивачите кои главно со профашистички ориентирани и често го употребуваат овој број. Минатата сезона навивачи на Лацио предизвикаа лавина реакции откако го носеа бројот 88, а над него пишуваше Хитлерсон.

Двајца фудбалери од Серија А за следната сезона ќе треба да ги променат броевите, тоа се Марио Пашалиќ и Томас Ринкон, тие имаа 88 број на дрес. Забраната не се однесува само на Серија А туку на сите фудбалски лиги.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани