Де Хеа ставил потпис на нов договор, но Манчестер јунајтед се пишманил и не ги потпишал документите!

by
1 минути читање

Давид де Хеа прифатил
значително намалување на неделната плата од 375.000 фунти неделно и си подал
рака со Манчестер јунајтед за продолжување на соработката, Шпанецот ставил и
потпис на новиот договор.

Но како што
пренесува Атлетик. „ѓаволите“ се пишманиле во последен миг па не ги потпишале
документите.

Клубот од Олд
Трафорд сепак не се откажува целосно од голманот, сега доставиле нов предлог до
Давид де Хеа со уште помала плата.

Во моментов е
нејасно дали Давид де Хеа ќе реши да остане откако бил изигран, исто така,
Манчестер јунајтед преговара со Интер за трансфер на Андре Онана вреден околу
50 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани