Гундоган седум години помина во Манчестер Сити со кој освои многу трофеи, јаготката на шлагот беше освојувањето на Лигата на шампионите.
„За мене беше комплетна привилегија и задоволство да бидам во Манчестер Сити во изминатите седум години“, вели Гундоган.
„Манчестер беше мојот дом и се чувствував како дел од посебно семејство во Сити“.
„Имав среќа да искусам многу незаборавни моменти во мојот период поминат тука и да бидам капитен во оваа исклучително посебна сезона, тоа беше моето најголемо искуство во кариерата“.
„Прво, би сакал да му се заблагодарам на Пеп. Што можев да играм за него и да учам од него толку долг период, тоа е нешто кое никогаш нема да го заборавам“.
„Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, минатите и сегашните, сите кои одиграа важен дел во тоа да имам неверојатен период тука“.
„На крај, би сакал да им се заблагодарам на неверојатните фанови на Сити. Тие ми даваа поддршка откако дојдов и им должам многу за нивната поддршка“.
„Клубот ми помогна да ги остварам сите соништа и засекогаш ќе му бидам благодарен за оваа можност“.
„Ќе го носам Сите секогаш во моето срце. Еднаш син, секогаш син“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.