Зидан: Има само двајца фудбалери кои ме тераат да станам од столчето

by
1 минути читање

Тоа е Карим Бензема, Зизу има само пофалби за напаѓачот, а во кошот го стави и Лука Модриќ.

„Ако можам да кажам еден играч кој се уште ме тера да скокнам од столчето, тоа е Карим Бензема, можеби и Лука Модриќ. Тоа се играчи кои кога мислиш дека ја загубиле топката, тие секогаш прават нешто за таа да остане кај нив. Тие ме полудуваат повеќе од другите, тие ја прават разлика за оние кои се среќни да ги имаат во својот тим. Мбапе? Се надевам дека еден ден ќе ја освои Златната топка и ќе освои многу други титули. Голем фан сум му“, вели Зидан.

Тој рече дека би сакал што побрзо да се врати на тренерската работа.

„Се надевам дека наскоро ќе се вратам на тренерската работа. Ми недостасува тој адреналин, потребен ми е. Сум го немал можеби две години, но сигурен сум дека времето ќе дојде. Не можете да живеете без фудбал кога го сакате. Не исклучувам можност за враќање во Франција, тоа ќе зависи од проектот кој ќе ми биде понуден. Ќе видиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×