Винсент Компани во разговор со Гери Невел говореше за својата адаптација од фудбалер во тренер и како Пеп Гвардиола оставил длабока трага врз него.
„Причината зошто верував во тоа што Пеп го кажуваше и неговата идеја за фудбал, во целото мое време поминато во Андерлехт, од 6 години па нагоре, ја користевме филозофијата на Кројф. Кога одевме на натпервари и се возевме во автобус, гледавме видеа од натпревари на Кројф“ – раскажува тренерот на Барнли.
„Бевме 8, 9, 10 години, одевме на натпревар и во автобусот гледавме видеа од Кројф“.
„Кога со 17 години влегов во првиот тим, тоа исчезна, но повторно се врати кога Пеп ми стана тренер во Манчестер Сити. Кругот се затвори“.
„Работите на кои тој не учеше… Малку е смешно, но во Англија учев како да клоцам и удира. И ми се допадна тоа. Можев да играм и во втора лига. Одев во теретана, ставив некој килограм плус, станав посилен за да можам да се борам со дефанзивците на Стоук“.
„Но потоа дојде Пеп, ослабнав 5 килограми, се истенчив малку. Неговата филозофија ми беше позната од претходно“.
„Во прв момент сметаше дека знам само да клоцам и да удирам, но потоа ми рече, „Вини, па ти знаеш да додаваш, да ја поврзуваш играта“. Секако, тоа го правев како дете. Но кога влегов во првиот тим ми рекоа да престанам, дефанзивците треба само да мислат на одбрана, никогаш да не ризикуваат и да ја исфрлаат топката што подалеку“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.