Артета му беше помошник на Гвардиола во Манчестер Сити пред да седне на кормилото на Арсенал. Во минатиот летен преоден рок од таму ги купија Габриел Жесус и Зинченко.
„Зошто купуваме играчи од Манчестер Сити? Тоа е лесно, бидејќи се многу добри. Ги знам нив, работев со нив четири години. Ги сакав Габриел Жесус и Зинченко поради нивниот неверојатен талент, но исто така и поради човечките вештини“, вели Артета.
Тој зборуваше и за сегашниот преоден рок во кој се надева дека Арсенал ќе го засили тимот и ќе бидат уште поконкурентни.
„Веќе го освеживме составот. Сега заедно со сопствениците градиме победнички тим кој може да функционира долго време. Потребни ни се важни играши и ќе го нападнеме пазарот за да ги земеме оние кои ни требаат“.
„Деклан Рајс? Извинете, не можам да зборувам за играчи кои не се во клубот. Преферирам да не коментирам“.
„Хаверц? Тој е талентиран, разновиден и има само 24 години. Талентот има цена. Тој веќе покажа многу, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.