Вест Хем го доби тоа што го сакаше, Арсенал треба да биде загрижен: Манчестер Сити испраќа понуда за Рајс

by
1 минути читање

Арсенал имаше два
неуспешни обиди за ангажман на Деклан Рајс, последниот предлог изнесуваше 75+15
милиони фунти.

„Топчиите“
наскоро ќе достават и трета понуда, но ризикуваат да ја загубат битката за
потписот на Англичанецот, неколку извори пренесуваат дека Манчестер Сити се
приклучува во трката.

Актуелниот
шампион во Премиерлигата решил да повлече потег откако стана јасно дека Илкај
Гундоган ќе се пресели во Барселона, па денеска ќе биде доставен конкретен предлог до
Вест Хем.

Манчестер
јунајтед исто така го мерка Деклан Рајс, вчера се појавија гласини кои велеа
дека „ѓаволите“ нудат трампа, односно пари плус Вест Хем да одбере еден од Хари
Мегваер и Скот Мектоминеј.

Вест Хем токму ова го сакаше, што повеќе клубови да испратат понуди за тие да можат да инкасираат преку 100 милиони фунти од продажбата на Деклан Рајс.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани